Словенија бара помош од Европската унија и од НАТО
Словенија се обрати до Европската унија и до НАТО за помош и од нив побара техничка помош за санирање на штетите по разорните поплави и лизгање на земјиштето во последните три дена, објави словенечката агенција СТА, повикувајќи се на владата.
Во саботата, премиерот Роберт Голоб ги опиша поплавите како најголема природна катастрофа во последните три децении и ја процени вкупната штета на повеќе од 500 милиони евра. Оштетени се патишта, пруги, мостови, канализациски системи и згради.
Преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ, Словенија побара 30 багери со различни капацитети и 30 специјални возила за регулација на протокот на вода, како и испраќање инженерски тимови за целата оваа опрема. На списокот испратен до ЕУ и НАТО имало 20 монтажни мостови до по 40 метри.
Земјата побара од НАТО и пет тешки воени хеликоптери со носивост од најмалку пет тони за транспорт, како и 200 војници за извршување на задачите за заштита, спасување и помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…
Косово разоткри и обвини српски шпион на…
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…
Пожари и натаму беснеат во пет општини…
Пожари и денеска се активни во пет…
Пополека ја губиме војната, има уште неколку…
Украина се чини дека полека ја губи…
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…