Словенија нема да увезува мигранти: Ќе работат пензионерите

Владата на Словенија одлучи недостатокот на работна сила да го надомести со поголемо активирање на пензионерите. Се очекува мерките да стапат во сила до крајот на годината, известува Агенција Анадолија.
Имено, Владата на Словенија го усвои предлог-законот за интервентни мерки за поддршка на пазарот на труд, што ќе овозможи зголемен обем на повремена и привремена работа на пензионерите поради недостатокот на работна сила поради бројните боледувања и карантин. Се очекува мерките да стапат во сила до крајот на годината.
Пензионерите сега ќе можат да извршуваат најмногу 90 часа привремена или повремена работа во календарскиот месец. Ќе можат да извршуваат и најмногу 120 часа во календарскиот месец, но не повеќе од три пати во календарската година. Во тој случај, збирот на одработените привремени или повремени часови во календарската година не може да биде поголем од 1.080 часа.
Според важечкиот закон, пензионер може да извршува привремена или повремена работа најмногу 60 часа во календарскиот месец, а неискористените часови не можат да се пренесат во наредниот календарски месец. Сегашното законодавство им дозволува на пензионерите да работат до 90 часа во календарскиот месец, трипати во календарската година. Збирот на изработените привремени или повремени работи во календарската година не може да биде поголем од 720 часа.
Владата го упати предлогот на интервентниот закон до Државниот збор (Парламент) на разгледување по итна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Словенија стравува од поплави и одрони по…
Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…
Дете удри во дрво и загина на…
Дете трагично го загуби животот денеска на…
Словенечките војници „извојуваа“ да им се плаќа…
По неколкугодишни напори, вработените во словенечката армија…
Над 150 професори од Словенија ги поддржаа…
Околу 150 членови на словенечката академска заедница…
Словенија: Усвоен закон со кој на лекарите…
Словенечкиот Парламент денеска ги усвои измените на…