Објавено на:

Словенија ја отстранува оградата од границата со Хрватска

t

Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека неговата влада е решена да ги отстрани антимигрантските бариери од границата со Хрватска, за кои рече дека се нехумани и не служат за целта за која се поставени.

– Инсистираме на најавата дека ќе ги отстраниме. Полицијата работи на оперативен план за отстранување на оградата и жицата, со што ќе се утврди од каде ќе почнеме со неа и кога конечно ќе биде отстранета, изјави Голоб по владината седница, одговарајќи на новинарски прашања.

Официјалните извештаи од граничната полиција велат дека илегалните премини повторно се во пораст и дека миграцискиот притисок е сѐ поголем во последните месеци, но на прашањето дали треба да се одложи планот за отстранување на оградата, тој одговорил не, бидејќи зголемувањето на илегалните премини потврдуваат дека ваквите пречки поради кои се поставени се неефикасни, а дополнително, ваквиот начин на спречување е нехуман и опасен.

– Сега имаме многу лоша ситуација во центрите за азил и домовите за мигранти бидејќи претходната влада не сакаше да се справи со овој проблем, рече Голоб, објаснувајќи дека центрите се преполни поради илегалните мигранти фатени од полицијата додека ја минуваат јужната граница поради предолгите бирократски процедури на кои се изложени.

Голоб рече дека неговата влада затоа подготвува организациски и други промени за да ја подобри ситуацијата со мигрантите и бегалците и да ја направи похумана. Според него, бегалците од Украина сега треба да чекаат два до три месеци за да добијат решение за нивниот статус, што е услов за добивање на законските права што им биле дадени за време на мандатот на претходната влада на Јанез Јанша.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…