Словенија ќе набави 3.000 ракети земја-воздух
Словенечкото Министерство за одбрана објави јавен тендер за набавка на 3.000 ракети воздух-земја што ќе ги користат воздухопловните сили на словенечката армија. Првите 1.500 парчиња треба да бидат испорачани во 2028 година, а преостанатите 1.500 една година подоцна.
Станува збор за ракети со дострел од околу 3.000 метри, наменети за директна огнева поддршка на копнените сили на словенечката армија и сојузниците. Пилотите и заедничките контролори на огнот ќе ги користат и за редовна обука и вежби, според 24ur.
Парите се веќе планирани
Словенечкото Министерство за одбрана наведува дека средствата за оваа набавка веќе се предвидени во финансискиот план на војската за 2028 и 2029 година. Проектот е вклучен и во планот на државната програма за развој, што е дел од буџетската документација.
Вредноста на набавката засега не се открива бидејќи постапката за јавна набавка е сè уште во тек.
Министерство: Не е поврзано со целта на НАТО од 2 проценти од БДП
Министерството вели дека набавката не е директно поврзана со зголемувањето на трошоците за одбрана кон целта на НАТО од два проценти од БДП. Тие тврдат дека станува збор за редовно надополнување на постојните залихи на воздухопловна муниција.
Одлуката за започнување на проектот е донесена на 2 март годинава. Рокот за поднесување понуди неодамна беше продолжен до 2 септември, по барање на еден од потенцијалните понудувачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Словенија ќе набави 3.000 ракети земја-воздух
Словенечкото Министерство за одбрана објави јавен тендер…
Тлото не престанува да се тресе: Серија…
Серија земјотреси денеска ја потресе Гранада во…
Минималецот во Србија достигна 600 евра
Минималната плата во Србија ќе биде 600…
Русин доби казна за објавено видео од…
Судот во Санкт Петербург казни жител кој…
ЦУК: 11 активни пожари низ Македонија
Центар за управување со кризи: Информација за…