Сложни браќа и во петок мрсат: Коалицијата СДСМ – ДПМНЕ заедно гласаше за бетонизирање на Центар

t

Повторно важи онаа старата дека „сложни браќа и во петок мрсат“ имајќи во предвид што се случува изминативе 30 години на политичката сцена во Македонија. Општина Центар нацрта нова маркичка на паркингот меѓу ТЦ „Рамстор“ и зградата на Тутунска банка во центарот на Скопје со што му дозволи на трговскиот центар да се прошири на постојниот простор каде има паркинг.. Ова е предвидено со новиот Детален урбанистички план (ДУП) за градска четврт Ц016 Стара железничка станица, кој беше усвоен на последната седница на Општина Центар.

Планот беше усвоен со заедничко гласање „за“ на советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Двe советнички од СДСМ не гласаа за планот, Левица беше воздржана, а „Шанса за Центар“ гласаше против.

Освен зголемување на маркичката и нов простор за ширење на „Рамстор“ се дозволува и поголема катност, од 16 до 23 метри, на објектот на „Кам“ маркетот на булевар Кирил и Методиј . На овој објект во моментов се завршува градбата и се наоѓа меѓу новите кули кои ги гради турски „Лимак“.

„Намерата на овој план, кој почна да се прави уште во процесот на мораториум, беше со измените да се реши само потребата на жителите на ќошот од просторот кон Водњанска. Не беше намерата да се зголеми површина за градење на ‘Рамстор‘ и ‘Кам’ да добие уште неколку ката. Ова е претерано. За тој дел Генералниот урбанистики план предвидува да живеат 1.000 луѓе, знаете ли колку станари ќе има само во новите четири кули кои се градат“, рече Дивна Пенчиќ, советничка од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

Од планерската куќа рекоа дека постапиле врз основа на барања кои биле доставени со анкетните листови. Парцелата за градење на „Рамстор“ е зголемена оти сега сопственикот има поголема површина, а на „Кам“ е зголемена катноста за да се изедначи со другите објекти околу.

„Инвеститорскиот урбанизам победи и се задоволи алчноста на малкумина дополнето со интервенции од повисоко. На 60 години од земјотресот, коалицијата во Советот си изгласа ДУП-от со неточни податоци за заштита од урнатини. Лекциите не ги научивме, а инвеститорскиот урбанизам го победи јавниот интерес и ги остави загрозени скопјани“, рекоа од „Шанса за Центар“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Албанија нема веќе средна класа –…

Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…

Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник

На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…

Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…

Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…

Над 136 илјади туристи ја посетиле Македонија…

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава…

Клиентите на Алта банка Србија можат да…

Банка Поштанска штедионица соопшти дека клиентите на…