Сложни калуѓери и во петок мрсат: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со ЕУ знаменце ќе го носат „Законот за поткуп на медиуми“

t

Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кои Владата си отвора пат да ги финансира националните телевизии преку државни кампањи од јавен интерес, ќе се носат по скратена постапка откако за измените гласаа 78 пратеници „за“.

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу од собраниската говорница го бранеше предлог законот дека е потребен да се донесе по скратена постапка затоа што се усогласуваме со стандардите на земјите членки на ЕУ.

– Предлог законот е усогласен со стандардите на земјите членки на ЕУ. Врз основа на членот 170 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, бидејќи не се работи за сложен и обемен закон, а прописот се темели на основните принципи кои се земаат предвид при ревидирање на законодавството за радиодифузија во земјите на ЕУ и се врши имплементирање на препораки и резолуции на Советот на Европа кои се широко прифатени во земјите членки на ЕУ, предлагаме Собранието да расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по скратена постапка – образложи Алиу.

Според член 101-в кој се однесува на финансирање на државни кампањи на државно ниво, парите ќе се обезбедат од Буџетот во висина од 0,1 % од реализираните даночни приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на Буџетот. Најмногу 7% се за избор на продукциски куќи за изработка и продукција на идејни решенија и финални реализации на државни кампањи и најмалку 93% се за реализација на државни кампањи во националните телевизии и радија.

65 % од средствата на годишно ниво се распределуваат за државни кампањи на државно ниво кои ќе се емитуваат само на телевизии на државно ниво преку оператор на дигитален терестријален мултиплекс, односно петте приватни национални телевизии „Телма“, „Канал 5“, „Сител“, „Алфа“ и „Алсат- М“ ќе добиваат најголем дел од финансискиот колач.

25% од средствата на годишно ниво се распределуваат за државни кампањи на државно ниво кои ќе се емитуваат само на телевизии на државно ниво преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа, телевизиите кои емитуваат преку сателит и на радијата на државно ниво.- 10% од средствата на годишно ниво се распределуваат за државни кампањи на државно ниво кои ќе се емитуваат само на регионални телевизии и радија.

Овие измени, пратеникот на Левица, Борис Крмов, ги нарече „Закон за поткуп на медиуми“ затоа што нив ги поддржа и опозицијата.

– Јас прашувам како е можно нашиот закон за здравствена заштита кој конкретно се однесува на третманот за дијабетес и дијабетичарите и е поднесен на 8 октомври, се уште не е готов. Додека законот за поткуп на медиуми кој го поддрржа и опозицијата, тука имаме договор, се става од ден за ден. Народот и пациентите не им се битни на пратениците, додека поткуп на медиумите и тоа како е важен. Значи таа груевистичка метода која СДСМ ја критикуваше, сега ја враќа назад и тоа заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Овој закон шверцерски се поднесува со европско знаменце – истакна Крмов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…

ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…

Мали: Србија е на прво место по…

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали…

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…

Малку требаше за Мицкоски да си ги…