Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово
На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила необична сообраќајна незгода помеѓу полициско возило и запрежно возило управувано од магаре.
Во незгодата учествувале: Патничко моторно возило марка „Шевролет Спарк“ со службени регистарски таблици, сопственост на МВР, управувано од С.Н. (26) од с. Јосифово, вработена како униформиран полициски службеник во ПС од ОН – Валандово. Во возилото имало уште тројца сопатници, сите полициски приправници: С.М. (21) од с. Пирава, М.Н. (20) од с. Јосифово и Х.М. (24) од с. Казандол. Запрежното возило било управувано од С.М. (66) од с. Дедели, а го влечело домашно животно – магаре. Според првичните информации, несреќата се случила при разминување на мостот, кога возачите од двете страни не оставиле доволно простор за безбедно поминување, ниту ги поместиле своите возила доволно кон десниот раб од коловозот. При тоа дошло до судир, по што возилата самостојно биле поместени од местото на несреќата. . Надлежните органи извршија увид и работат на целосно расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…