Случајност или не? Нападот во Турција се случи на годишнината од нападите во Париз во кои загинаа 130 луѓе!

t

Денешниот терористички напад со бомба во центарот на Истанбул се случи точно седум години по серијата напади на екстремистите на Исламска држава во Париз на 13 ноември 2015 година, кога во париските кафулиња, театарот „Батаклан“ и на Националниот стадион беа убиени 130 луѓе.

Ова денеска го истакна францускиот претседател Емануел Макрон, изразувајќи сочувство до турскиот народ и до семејствата на загинатите во нападот во Истанбул.

„На таков симболичен ден за нашата нација, кога се присетуваме на жртвите од 13 ноември 2015 година, беше нападнато срцето на турскиот народ, Истанбул. Ја споделуваме вашата болка. Ние сме на ваша страна во борбата против тероризмот“, рече Макрон обраќајќи им се на Турците, според агенцијата Анадолу.

Во страотната експлозија која ја потресе преполната туристичка улица „Истиклал“ попладнево, загинаа шестмина, а повредени се над 80 луѓе. Турските власти назначија осуммина обвинители кои ќе ја водат истрагата, а првата трага кон извршителите на терористичкиот чин е снимка од жена со шамија која седела на клупа на улицата 45 минути, пред да замине, наводно оставајќи ја бомбата во чанта или ранец на клупата.

Пред шест години, на истото место во Истанбул се случи терористички напад, кога бомбаш-самоубиец активираше бомба, при што загинаа четворица луѓе, а 36 беа повредени. Во последните години се случија серија терористички напади во земјата, а најтешкиот беше на аеродромот „Ататурк“ во 2016 година, кога тројца терористи, вооружени со автоматско оружје и со експлозив, убија 45 луѓе, а над 230 беа повредени. Тогаш одговорноста за нападот ја презеде таканаречената „Исламска држава“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девојка од 22 години стана прв тренер…

Поранешниот турски второлигаш Тургутлуспор го привлече вниманието…

(Видео) Анталија е во пламен — почина…

Доброволен пожарникар утрово почина во Турција откако…

Марин Ле Пен во комотно водство пред…

Кандидатката на крајнодесничарското Национално собирање (RN), Марин…

Кадиров повторно се заканува со освојување на…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…

Ердоган: Членството на Турција во ШОС не…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…