Случај „Усје“ – Арсовска во право: Министерството ги достави резултатите до медиумите – детектирано поголемо загадување на воздухот од дозволеното

t

Поради надминување на прагот за алармирање во однос на квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопје, Државниот инспекторат за животна средина, во соработка со Инспекторатот за животна средина од Град Скопје, изврши вонреден инспекциски надзор над Цеметара Усје на ден 30.12.2022 година, при што се побарани извештаи за мерења од двата испусти од печките 3 и 4 за 28-29.12.2022 година.

Истотака, вонреден инспекциски надзор е извршен и на 03.01.2023 и 04.01.2023 од страна на Државниот инспекторат за животна средина во соработка со Инспекторатот за животна средина на Град Скопје и акредитирана лабораторија, која изврши мерење на емисија на гасови и прашина од оџаците на двете печки за клинкер. На 04.01.2023г. извршени се мерења на емисија на гасови од оџакот на парниот котел со моќност од 4,2 МW кој користи мазут како гориво.

„По добивањето на резултатите од мерењето на акредитираната лабораторија, на 11.01.2023г., се констататира дека измерените параметри од двете печки за NOx, SO2 и прашина се во рамките на максимално дозволени концентрации според А-интегрираната еколошка дозвола. Емисиите од котларата за парно греење која користи мазут, покажува надминување за NOx и изнесува 711,9 mg/Nm3“, се вели во известувањето на МЖСПП.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска информираше дека Градот заедно со Министерството за животна средина извршил мерење на испуштањето на гасови на Цементарницата „Титан УСЈЕ“ во Општина Кисела Вода.

-Забележани се големи концентрации на штетни честички кои значително допринесуваат кон нарушување на квалитетот на воздухот во Скопје. Мерењата се извршени на 26-ти и 267-ми декември 2022 и 3-ти и 4-ти јануари оваа година. Измерени се огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честички. Во месец декември измерени се три пати повеќе пм-честички, рече Арсовска на вонредната прес-конференција.

Таа додаде дека инспекторите од Град Скопје со државниот инспекторат при МЖСПП забележале сериозно прекршувања кои што се спротивни на еколошката дозвола издадена од Министерството.

-Дополнително за загадувањето од котларата за загревање на цементарницата утврдено е дека има надминување на граничните вредности на азотните оксиди при што е покажано двојно поголеми вредности од дозволените 350 милиграми на метар кубен. Како градоначалник презедов иницијатива за покренување на кривична постапка против Цементарницата „Титан УСЈЕ“ за непридржување на прописите за заштита и унапредување на животната средина, кажа Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…