Сменетиот украински министер ќе биде советник на италијанскиот министер за одбрана
Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров објави дека ја прифатил понудата да биде советник на италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето за иновации во одбраната.
„На оваа позиција ќе ѝ помогнам на Италија да развие модерни технологии за војување, да го подобри одбранбениот сектор и да се прилагоди на новите безбедносни предизвици во светот“, кажа Федоров.
Член на тимот на Федоров изјави за „Политико“ дека тој ќе ја комбинира советничката улога со неговиот главен фокус на основање фонд за инвестиции во украинската одбрана.
Федоров, кој повика на избори во Украина откако беше исфрлен од владата во најновата реконструкција на претседателот Володимир Зеленски, нагласи дека не се сели во Рим.
„Мојот главен фокус останува непроменет. Ќе продолжам да работам во Украина на проекти за зајакнување на одбраната на земјата и привлекување меѓународни ресурси“, рече Федоров.
Тој беше министер за одбрана само шест месеци, но неговата неочекувана смена доведе до протести низ Украина, а потоа и до разрешувањето на шефот на војската Олександр Сирски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…