Смилев: Грците не нѐ чепнаа, но нашите уште примерок од урина што не ни побараа на граница

t

Официјална делегација на Левица, предводена од претседателот Димитар Апасиев, вчера го посети градот Кукуш (Егејска Македонија) – родното место на апостолот на македонското револуционерно движење и положија цвеќе на местото каде се претпоставува дека некогаш се наоѓала родната куќа на Гоце Делчев.

Во денешната објава на својот профил, еден од делагатите и член на Централниот комитет на партијата, Игор Смилев, со своја изјава ја опишува ситуацијата на граничниот премин.

Ме прашуваат дали сме имале проблеми со Грците на граница или во Кукуш…неее, каменот од блиску доаѓа нели…со нашите на граница имавме проблеми- целосен претрес, фенерчиња, ентериерно и партерно уредување на возилото…уште примерок од урина не дадовме…ама и ние упорни ѕвериња – упорно чисти, ништо не носевме, освен остатоци од кафе, кифли и сликата од Гоце која безбедно се врати во Републиката.
П.С. Да бидам искрен, и не очекував црвен тепих да ни постелат, оти тој денес им е капарисан за постилање пред СВ. Спас, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро,…

Во тек е спасувачка акција на повредено…

Зеленски: Најмалку тројца загинати и над 20…

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од…

На 26 август ќе започне изградбата на…

Премиерот Христијан Мицкоски најави интензивирање на градежните…

Во септември се очекува покачување на пензиите…

Пензионерите во Македонија во септември се очекува…