Смрзнати пациенти: Болните во велешката болница се прегледуваат на 10 степени целзиусови

t

На температура од 10 степени целзиусови се прегледуваат пациенти во велешката болница, тврди инфектологот Славица Трајкова. Таа во фејцбук статус посочува дека Одделот за инфективни болести во велешката болница треба да се награди за енергетско штедење. Притоа објави и фотографија од термометар кој покажува дека во просторијата има 10 степен Целзиусови.

На таа температура се прегледуваат пациенти, како деца, така и стари лица. Трајкова иронично коментира дека може да се исклучат и фрижидерите во кои се чуваат вакцини и серуми, бидејќи собната температура одговара на „ладен синџир“.

Во оваа болница, и покрај најавената модернизација, лекарите сами си купуваат стетоскопи, објаснува инфектологот.

Таа додава:

„Ништо поразлично и во болничките соби… Ама таму има ќебиња. Што беше тоа исправен апарат за крвен притисок, или ЕКГ апарат или исправен пулсоксиметар?!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски објави фотографија со Трамп: „Македонија и…

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија на која…

Трамп се закани со жесток удар врз…

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со…

Се подготвува ли напад: САД испраќаат уште…

Соединетите Американски Држави дополнително го засилуваат своето…

Мисајловски: Не може по било која цена…

Често пати на состаноците во НАТО кажувам…

Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…

Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…