Снаа го прегази свекорот во скопско: Брзата помош констатирала смрт

t

Снаа го прегазила свекорот во двор во скопско, а тој починал на самото место. 

На 29.10.2022 во 13.30 часот било пријавено дека во с.Глуво-скопско И.С.(30) движејќи се во двор од куќа со патничко моторно возило „опел астра” со скопски регистарски ознаки, удрила во нејзиниот свекор Б.С.(84), кој починал на местото на настанот, соопшти полицијата. 

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено во Судска медицина за обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брутално семејно насилство во Скопје: Маж со…

Скопската полиција уапсила 53-годишен маж поради сомнение…

Во сообраќајка загина 58 годишник од струмичко…

МВР информира дека рано утринава околу 02:00…

Малолетник (15) од тетовско Боговиње е ранет…

МВР информира дека вчера попладне во 14:10…

15-годишно момче донесено во болница без знаци…

15-годишно момче од Гостивар било донесено во…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…