Снаа и свекрва „склучиле“ брак – речиси 22.000 погрешни изводи издадени во 2019

t

Вработените во Управата за водење матични книги нема да го прекинат штрајкот пред да се исполнат нивните барања.

Од таму велат дека се издаваат изводи за новородени, починати и венчани само во итни ситуации.

Сител објави дека извештајот за работата на Управата покажува дека само во 2019 година се издадени вкупно 21.957 погрешни изводи, а граѓаните велат дека мораат неколку пати да одат за една иста работа.

Таков случај е и склучениот брак меѓу снаа и свекрва.

„Поради грешка во изводот на венчани е наведено дека брак склучиле сестра ми и нејзината свекрва. Денес е упитно како ќе го пријават бебето во матичната книга на родени. Нека штрајкуваат они – барем нема да прават грешки“, вели граѓанка.

Од синдикатот, пак, посочуваат дека тие не грешат, туку ги исправаат грешките што ги затекнале по осамостојувањето на институцијата во 2010 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РТС: Една од најотровните риби во светот…

Вчера во близина на островот Цеја во…

 Масовно труење на мачки и домашно куче…

Загрижени граѓани од скопската населба Козле алармираат…

Бела куќа: Американските власти ќе искористат нови…

Американската администрација има намера да ги искористи…

(Видео) Блинкен и Кулеба отидоа на пица…

За време на ненадејната посета на Киев,…

Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9…

„Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во…