Снегот на повисоките места засега не го попречува сообраќајот
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но засега не претставуваат проблем за одвивање на сообраќај, соопшти АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија веќе ја напаѓа Украина со севернокорејски…
Во масовниот руски напад врз Запорожје биле…
Два брода со повеќе од 200 туристи…
Два туристички брода се судрија денеска во…
Либан ја укинува смртната казна
Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната…
(Фото) Цариници спречија шверц на злато вредно…
Цариниците на граничниот премин Хоргош спречиле обид…
„Ова е веројатно најстуденото лето во следните…
По екстремните топлотни бранови и поројните дождови…