Снег во овие моменти речиси низ целата земја – еве што најавува УХМР за во наредните денови
Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи (на повеќе места над 25л/м2, а локално и над 30л/м2). Вренежите во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег.
Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје облачно со врнежи од дожд и повремен снег и со слаб до умерен сверен ветер. Попладне врнежите ќе бидат претежно од снег и ќе се формира помала снежна покривка.
За утре УХМР најавува повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од среда следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер.
Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните понекаде ќе останат негативни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Кривична пријава за екс директор и вработени…
Од МВР информираат дека поднеле кривична пријава…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…