Снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопштија од ЈП Македонија пат.
Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поларен бран со снег го погоди Нов…
Силен поларен бран го погоди Нов Зеланд,…
Снег завеа во делови од Балканот
Ненадејните снежни врнежи на Златибор кон крајот…
(Видео) Делови од Бугарија под снег
Делови од Бугарија се разбудија со снег.…
2,5 метри снег наврна на планина во…
Иако календарски веќе започна пролетта, олимписката планина…
Снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…