Собири во Белград и Нови Сад за поддршка на семејствата на загинатите во денешниот масакар во Белград
Низ социјалните мрежи се шири повик за собир на сочувство со семејствата на загинатите во престрелката во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, јави дописникот на МИА од Белград.
Според најавата, собирот ќе се одржи на белградски Цветни плоштад во 20 часот, кој се наоѓа во непосредна близина на училиштето Владислав Рибникар.
На собирот се повикани бројни активисти и организации.
-Родителите и неколку просветни здруженија ќе одржат собир по повод невидената трагедија што го снајде нашето општество вечерва во 20 часот на Цветниот плоштад во Белград. Дојдете да им оддадеме последна почит на невините жртви, стои во поканата на Твитер страницата на неформалната група „Чувари на огнот“.
Исто така, се дели и покана за собир во Нови Сад. Истата треба да се одржи во 18:00 часот, на централниот градски плоштад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…