Собир за поддршка на Дијана Хрка кај српскиот Парламент – Митинг имаат и поддржувачите на СНС
Дијана Хрка, мајката на Стефан кој почина при уривање на настрешницата, го продолжи штрајкот со глад во близина на српскиот Парламент, информира Н1.
Во Чациланд се одржува митинг на поддржувачи на владата, а има и митинг во поддршка на Хрка, на кој повикаа студентите на блокадата.
Голем број автобуси се видени во неколку градови во Србија кои ги носат поддржувачите на СНС во Белград. Немало инциденти, но имало вербални конфронтации.
Покрај Белград, граѓански собири се најавени за вечерва и во други градови во Србија. Меѓу нив, во Горни Милановац и Чачак. Од неделата, кога Дијана Хрка го започна штрајкот со глад, од револт што барањата на студентите не се исполнети, ѝ се придружија граѓани кои ја поддржуваат. Полицијата продолжува да го обезбедува Чациланд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…
Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…
Претставници на Студентската листа, која победи на…
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…