Собранието денеска ќе одлучува за продолжување на кризната состојба со нафтата

t

Собранието денеска ќе ја одржи 115. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, е и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за продолжување на рокот на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати во државата.

Владата на седницата одржана на 17 јули ја усвои оваа предлог-одлука, со која се предлага кризната состојба да се продолжи од 21 јули до 20 октомври. Според Владата, со тоа ќе се обезбеди континуитет во институционалното постапување и навремено преземање мерки во случај на нарушувања во снабдувањето или значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.

Од владината прес-служба посочуваат дека целта е државата да располага со правен механизам за брза и ефикасна реакција, со што ќе се зачува стабилноста во снабдувањето, ќе се ублажат евентуалните последици од пазарни нарушувања и ќе се заштитат интересите на граѓаните и стопанството. Владата најавува дека и натаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и меѓународниот енергетски пазар и, доколку биде потребно, ќе носи навремени мерки за обезбедување сигурно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати.

На дневниот ред на 115. седница се и предлог-измени на законите за автокампови, енергетика, меѓународна и привремена заштита, супервизија на осигурувањето и студентскиот стандард, кои ќе се разгледуваат по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и за три предлог-закони во прво читање – Предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, Предлог-законот за научноистражувачката дејност и Предлог-законот за високото образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…

Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…

Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…

На четирите малолетнички против кои се водеше…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…