Собранието денеска ќе расправа за избор на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа

t

Собранието денеска се очекува да отвори дебата за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, откако неговиот сопартијец и претходник Горан Милевски поднесе оставка на функцијата од лични причини.

Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. седница, на која е закажано и гласањето за избор на судии во Уставниот суд на Република Македонија, а денеска се најавува и присуство на премиерот Димитар Ковачевски.

Со седницата ќе претседава потпретседателот Горан Мисовски, поради тоа што Џафери на конференција во Загреб треба да го прими одликувањето што со указ му беше доделено од украинскиот претседател Володимир Зеленски и да има свое обраќање.

На дневен ред на 88. седница се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законот за здруженија и за политичките партии и друго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…

Отворени се огласи за пет работни места…

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање…

По повод 11 Јули – Меѓународниот ден…

Денеска ќе бидат доставени имињата на новите…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот…

Собранието ја изгласа потребата за носењето на…

Собранието со 59 гласа „за“, три гласа…