Собрание ли е, пазар ли е? Пратениците говореле без аргументи, немаат ни прелазна оцена…

t

На скала од 1 до 10, оценката за квалитетот на дебатата во Собранието во првото полугодие на 2023 година е 5,5, што е влошување од претходното полугодие (јули – декември 2022) кога оценката беше 5,7.

Ова го покажа набљудувањето на Институтот за демократија во периодот јануари – јуни 2023 година. Во фокус беа дискусиите што се однесуваат на точки од собранискиот дневен ред кои спаѓаат во областите на владеење на право, човековите права и демократија.

Извештајот за овој период покажува ниско ниво на квалитет на дебата и го потврдува заклучокот дека постои простор за значително подобрување.

„Нивото на аргументирање е благо влошено во споредба со претходниот период на набљудување јули – декември 2022 година. Говорниците во 49% од нивните анализирани излагања немаа аргументи, додека во 44% слабо аргументираа. Во само 7% од набљудуваните дискусии говорниците користеа еден аргумент за да ја образложат нивната позиција, што е на речиси исто ниво во споредба со претходниот период. Само 8 говорници користеа 2 аргумента, додека повеќе од два аргумента за да ја поткрепат својата позиција имаше само во само 0,1% од набљудуваните излагања.

Пратениците во 11% од набљудуваните дискусии користеа факти од истражувања, искуство, документи и други релевантни извори како дел од нивното образложение, со што се потврдува генералното ниско ниво на аргументирање. Во овој период на известување, во набљудуваните дискусии не беше забележана промена на став кај пратениците поради подобри аргументи на соговорниците или каква било друга причина што е на исто ниво со минатиот период на набљудување (јули – декември 2022 година)“, се вели во Извештајот.

Кога станува збор за односот на пратениците кон личноста на своите колеги од друга политичка партија, во 3% од дискусијата е искажано почитување што укажува на значителен пад во однос на претходниот период на набљудување кога почитување било искажано во 17% од случаите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во…

На вечерашниот митинг во Кочани, претседателот на…

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател…

Претседателот на државата, неговата сила и функција…

Денес ќе се знае редоследот на листата…

Државната изборна комисија денеска се очекува да…

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80%…

Составот на листите за пратеници на ДПМНЕ…

Ана Брнабиќ избрана за претседател на Народното…

По тридневна расправа за избор на претседател…