Собрание: Пратениците работат, откажани се само пленарните седници и комисиите
По повод реакциите од јавноста дека пратениците се на одмор и сите активности се откажани, од Собранието се јавија со појаснување. Од таму велат дека пратениците доаѓаат на работа, но се откажани сите седници, комисии и други настани за кои е потребно присуство на медиумите.
„Во врска со реакциите за неодамнешната одлука за одложување на активностите на Собранието минатата и оваа недела, сакаме да појасниме дека Собранието на Северна Македонија и пратениците работеа и продолжуваат да работат. Откажани се пленарните седници, комисиите и неколку други настани за кои е потребно присуство на медиумите. Оваа одлука е донесена консензуално со сите координатори на пратеничките групи, на координативната средба, во знак на солидарност по трагедијата во Кочани и за изразување почит кон жртвите.
Сепак, работата на Собранието и пратениците продолжува во други вообичаени форми, вклучително и координација меѓу пратениците и пратеничките групи, ангажирање во подготовката и разгледувањето на предлог законите, како и состаноци на различни нивоа.
Пратениците се активни и посветени на законодавните процеси. Секоја изјава со која се претпоставува дека паузираат е неосновано обвинување кое претставува тенденција за манипулирање со мислењето и нарушување на угледот на Собранието и народните избраници.“, велат од Собрание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама за победата на Студентската листа: Србија…
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…
Руската вакцина против рак даде резултати, кај…
Првиот пациент кој ја прими руската персонализирана…
Расте бројот на загинати во верижниот судир…
Бројот на загинати во тешките верижни судири…
Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…
Бугарија презема нови чекори за модернизација на…
Стотици луѓе на улиците во Атина поради…
Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…