Собрани 30.378.353 денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

t

Заклучно со 16.02.2023 година преку телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РМ се уплатени вкупно 30.378.353денари.

Црвениот крст на РМ во Апелот на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина од сопствени средства уплати 3.000 евра како првична помош за настраданото население во Турција и Сирија, како и 20.000 евра на сметката на Турската Црвена полумесечина.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

· Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.

· како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

· За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228                                             

Правните субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина:зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, зимски церади, вреќи за спиење, столици на расклопување, креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, кујнски сетови, храна  и средства за хигиена ( според минималните стандардите за хуманитарна помош).

Задолжително сите донирани артикли да бидат нови. Приоритет да се става на зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња, посочија од скопскиот Црвен крст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку осум лица загинаа, 11 се повредени…

Најмалку осум лица загинаа, а 11 други…

Уапсени 40 припадници на Исламска држава во…

Повеќе од 40 лица се приведени во…

Реки по улиците: Хаос и поплави во…

Турскиот главен град Анкара синоќа беше погоден…

Официјално: ТУРЦИЈА ОДОБРИ ЕКСТРАДИЦИЈА НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ!

Турција официјално ја одобри екстрадицијата на првоосомничениот…

Спречен терористички напад во Турција: Уапсени седуммина…

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја…