Советникот на Путин: На Европа ѝ е потребна руска енергија за да опстане
На Европа ѝ е потребна руска енергија за да опстане, изјави Кирил Дмитриев, специјален пратеник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции.
„Зимата е близу. Како што беше предвидено, упорните идеолошки грешки на ЕУ во областа на енергетиката веќе доведоа до сериозни последици. На Европа ѝ е потребна руска енергија за да опстане“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа „Икс“, коментирајќи објава за растот на цените на гасот во Европа.
Според податоците објавени од „РИА Новости“, конфликтот на Блискиот Исток доведе до значителен пораст на цените на гасот во Европа.
Просечните берзански цени во март пораснаа за речиси 60 отсто во споредба со февруари и надминаа 600 долари за 1.000 кубни метри.
Москва претходно во повеќе наврати соопшти дека откажувањето на Европската Унија од руските енергетски извори ѝ нанело штета на европската економија, доведувајќи до зголемување на трошоците за енергија и намалување на конкурентноста на европската индустрија, наведува руската агенција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Недостиг на евра во менувачниците во…
Во Србија се забележува зголемена побарувачка за…
Исчезна 15 годишно девојче од Куманово
Девојче (15) доцна синоќа е пријавено за…
Бугарскиот печат и социолошките аналитичари за прогнозите…
Спроти вториот круг од изборите за седмиот…
Почина легендата на хрватската музика, Мишо Ковач
Според неофицијални информации до кои дошла „Слободна…
Француските средношколци и студенти повикаа на блокади…
Синдикатите на средношколците и на студентите во…