Советник во Владата на Груевски сега ќе му министерува на Ковачевски во МИОА

t

Алијанса за Албанците ја објави биографијата на Азир Алиу, кандидат за министер за информатичко општество и јавна администрација.

Азир Алиу моментално е вработен како универзитетски професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Факултетот за компјутерски науки и технологија. Али беше првиот директор и иницијатор на првиот технолошки парк SEEUTechPark во Тетово. Во минатото ја извршуваше функцијата потпретседател на УО на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Покрај академското искуство, Азир Алиу има и долга кариера во приватниот сектор како претприемач, ментор и консултант. Бил и советник на претседателот на Владата за иновации, ИКТ и високо образование. Азир Алиу е единствениот претставник од Македонија во Програмата „Образование за дигитално граѓанство“ при Советот на Европа.

Своето формално образование го завршил на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде се стекнал со звање доктор на информатички науки. Автор е на повеќе научно-истражувачки трудови и менаџер на повеќе иновациски центри во РМВ.

Алијанса за Албанците не нагласува, но Алиу од 2013 до 2017 работел како советник за високо образование, наука и ИКТ во кабинетот на тогашниот премиер Никола Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…

„Јас сум убеден дека ако останат со…

Русија и Кина формираат енергетска алијанса

Русија и Кина се во процес на…