Советниците биле во “длабок сон”: Славевски објасни зошто вработените во ЈСП не добија плати утринава!

t

Претседавачот со Советот на Градот Скопје, Трајко Славевски денеска рече дека советниците вчера околу 21 часот биле во длабок сон и затоа седницата која се одржа денеска не можела да се одржи вчера вечер.

– Должен сум во интерес на јавноста да го кажам следново, затоа што беше спомнато дека седницата можела да се одржи во 20 часот минатата вечер, ја имма тука комуникацијата во реално време.

Госпоѓата што седи од мојата лева страна, раководител на секторот за поддршка на Совет, ми прати порака преку апликацијата Viber, во 22.53 дека има сигнал дека е подготвена одлука за прераспределба на средства.

Јас со полузатворени очи, нели после долгиот ден, веднаш ѝ пишав дека очекувам барем во електронска форма да го добиеме предлогот на одлуката.

Во истиот момент имаме група на истат апликација со 10-11 членови на совет координатори на советничките групи. Ги известив за ова и претпоставувам дека некои од нив веќе биле во длабок сон, неколку се приклучија во дискусијата и договоривме оптимален час за одржување на седницата тоа е 13 часот, рече Славевски во обраќањето на денешната вонредна седница на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Интересите на “Лидерот” пред скопјани: Советниците…

Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата…

Си играат со човечки судбини: Луѓе болни…

Членовите на Советот на Град Скопје, како…

По една деценија ЈСП се ослободува од…

По долги години ЈСП конечно се ослободува…

Петревски повика на разум и надминување на…

В.Д директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје,…