Советниците на ВМРО-ДПМНЕ треба да им служат на граѓаните на Скопје, а не на Христијан Мицкоски

t

Лицемерието и деструктивноста на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ имаат за цел да се блокира работата на Градот Скопје, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната прес-конференција.

-Денеска се случи она за кое предупредувавме изминатата недела на редовната седница за ребаланс на Буџетот на Град Скопје. Нестручните и несериозните амандмани подесени од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го блокира градскиот буџет за што потврда добивме и од Министерството за финансии кои не’ известија дека буџетот не може да се вчита токму поради овие причини.

Лицемерието и деструктивноста советничката група на ВМРО-ДПМНЕ има само една и единствена цел, а тоа е блокирање на Градот Скопје. Тоа сега се потврдува и благодарение на овие нестручни амандмани ниту ФК Вардар ќе ја добие финансиската помош која што ја очекува, ниту граѓаните ќе ги добијат субвенциите кои требаше да бидат поддршка поради енергетската криза која што следува, ниту скопјани нови садници во ек на сезоната на садење….

Градоначалничката додава дека поради блокада на Буџетот нема да може да се реализираат бројни проекти.

– Поради блокадата на Буџетот со амандманите од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, нема да може да се изградат улици во Шуто Оризари, Чаир, Кисела Вода, Аеродром. Лицемерието се гледа и во нивното инаетење. Иако беа предупредени од страна на стручните служби, дека во оваа форма аманадманите ќе го блокираат буџетот одбија да ги преработат амандманите во смисла тие да бидат функционални.

Оттука не може да заклучиме ништо друго освен дека Трајко Славевски и советниците ги исполнуваат единствено желбите на нивниот лидер Христијан Мицкоски за што директно штета трпат Скопје и скопјани.. За ова однесување поднесовме и претставка до Инспекторатот за локална самоуправа, а срамот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и штетата од блокадата на Градот Скопје ќе се обидеме да ја надминеме во интерес на граѓаните.

Лично се заложувам, исто како што се заложив и на седницата на Советот да се надмине оваа состојба и да се реализираат сите проекти од интерес на граѓаните. Со блокади на Буџетот како оваа од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ невозможно е да се реализираат проектите кои се ветени на граѓаните и затоа апелирам до советниците наместо Христијан Мицкоски приоритет да им бидат граѓаните. Истото да го демонстрираат со конструктивна соработка и реално, а не лажно ќе демонстрираат поддршка на програмата за Градот Скопје.

Оваа програма мора да се реализира и денеска барам свикување на итна седница на која ќе се изнајде решение за блокадата која ја предизвикаа директно тие, посочи Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…

Битиќи: На 8 мај сите прогресивни сили…

„Сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

„Нема плата ако не гласаш за ВМРО“:…

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица му…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…