Советничка на Левица во Ѓорче Петров: Советниците на Мицкоски изгласаа ДУП за изградба на 50 згради! Левица е во коалиција со народот
Советничката од Левица во општина Ѓорче Петров, Дарја Мустафоглу, го потсетува Мицкоски дека токму советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче изгласаа ДУП со вцртани 50 згради, додека тој збирува дека Левица соработува со власта.
– Христијан Мицкоски во очаен обид да ја скрие суровата вистина, изјавува дека Левица во Ѓорче Петров била во коалиција со СДС, а токму неговите советници изгласаа изградба на нови 50 згради (ДУП оставен во аманет од СДС), изгласаа без забелешки финансиски извештај за работењето на претходниот градоначалник Наумоски, изгласаа отуѓување на државно земјиште за ДУПови донесени од претходниот мандат на СДС…па бизнис коалицијата СДС-ДПНЕ без никакви проблеми и понатака си функционира…
Левица е единствената опозиција, во коалиција исклучиво со народот, пишува Мустафоглу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…