Објавено на:

Советот за безбедност на ОН заседава за Косово

t

Амбасадорите на земјите-членки на Советот за безбедност на ОН ќе го разгледаат извештајот на шефицата на УНМИК, Каролин Зиада, за ситуацијата на Косово . Дел од членовите на ова тело побараа седницата да биде затворена, но оваа идеја беше одбиена. Ставовите на Србија ќе ги изнесе министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ. Приштина ја претставува Доника Гервала.

Шефот на УНМИК, Каролин Зиаде оцени дека назначувањето на новиот претставник на ЕУ за Косово, Питер Соренсен, е позитивен сигнал и потег што може да им помогне на двете страни во потрагата по решенија.

Таа го осуди нападот што се случи во северно Косово на 29 ноември, наведувајќи дека очекува непристрасна и сеопфатна истрага што ќе ги изведе сторителите пред лицето на правдата. Истото го повтори и за настаните во Бањска. Таа го нарече неприфатлив неодамнешниот напад на поштата во Лепосавиќ.

Таа побара косовскиот полициски инспекторат да ги објави резултатите од истрагите за полициското насилство во северно Косово, вклучително и врз малолетници.

Таа, исто така, го осуди уништувањето на религиозните симболи и предмети, наведувајќи дека таквата практика е некомпатибилна со вредностите за кои се залагаат Обединетите нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Гутереш ги повика светските лидери да ја…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…

Дали поранешен советник на Заев е вмешан…

Името на Виктор Петрушевски, поранешен советник на експремиерот…

Курти: Секој километар пат што нè зближува…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…