Советот на Европа одлучи да го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
Советот на Европа одлучи да го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија. Парламентарното собрание на Советот на Европа ја усвои резолуцијата со образложение дека е направен напредок во демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и односите со соседните држави.
Резолуцијата е донесена со 57 гласови „за“ и еден воздржан на зимското заседание на Парламентарното собрание на советот на која присуствуваа и македонски пратеници.
„3 децении нашето членство во Советот на Европа беше инструмент за трансформација. Оваа одлука покажува не само каде сме денеска, туку и на сериозноста како ги да направивме обврските. Одлуката за затворање на постмониторинг дијалог е признание за долгогодишниот процес на реформи. Ќе останеме целосно посветени да се справиме со преостанатите предизвици“, изјави Иванка Василевска-пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Затворањето на процесот на мониторинг за мојата земја е од големо значење. Симболизира дека наградата доаѓа на крајот ако не го изгубите фокусот. Ова е јасна слика на секој напредок и назадување на северна Македонија што покажува дека народот сака демократија и дека знае што е демократија и реагираат кога политичарите не го исполнуваат нивните барања“, изјави Бисера Костадиновска-Стојчевска-пратеник на СДСМ.
„Со затворањето на постмониторинг дијалог Северна Македонија постигна значаен чекор. Денешната одлука покажува дека посветеноста и реформи за исполнување на стандардите на Советот на Европа дава резултати“, изјави Беким Ќјоку-пратеник на „Вреди“.
Советот на Европа одлучи да го затвори постмониториг дијалогот со Македонија којшто беше отворен во 2000-та година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…
Европа сака да произведува повеќе дома и…
ЦИА предупредува за руска закана со дронови…
Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…
Проди: Ако АфД ја преземе власта во…
Поранешниот италијански премиер и претседател на Европската…
Од 2.800 до 6.300 евра годишно се…
Доаѓањето на бебето повеќето родители го опишуваат…