Советот на Европа прими 195.000 барања за надомест на штета од руската војна во Украина

t

Регистарот на штети во Украина, отворен поради руската инвазија врз таа држава, примил 195.000 барања од физички, правни лица и државата Украина за надомест на штета, соопшти денеска Советот на Европа, кој го воспостави регистарот во 2023 година како свој орган.

Од 195.000 примени барања, досега се обработени повеќе од 65.000.

Регистарот, како што е најавено, ја отвори последната група категории барања за надомест на штета предизвикана од руската агресивна војна, со што вкупниот број на категории се искачи на 43.

Сега може да се поднесат барања за надомест за губење на пристап до здравствена заштита и образование, како и за штета на животната средина и природните ресурси на земјата.

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, изјави дека „Регистарот на штети во Украина е правно сведоштво за таа неправедна војна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…