Објавено на:

Советот на ЕУ даде зелено светло за отворање на пристапните преговори на Македонија и Албанија

t

Вечерва Советот на ЕУ даде зелено светло за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија, соопшти чешкото претседателство со ЕУ.

Амбасадорите на земјите-членки ги договорија преговарачките рамки за двете земји, со што се создадени услови за првата меѓувладина конференција за пристапување, што ќе се одржи во вторник во Брисел.

„Советот на ЕУ штотуку даде согласност за отворање на преговорите со Албанија и Северна Македонија. Направивме важен чекор кон приближување на Западен Балкан до Европската Унија. Ова е голем успех на нашето претседателство“, напиша чешкиот премиер Петр Фиала на Твитер.

Првата конференција за пристапување е првиот процедурален чекор на долгиот пат до членството.

Македонија го прифати предлогот на Франција, која претседаваше со Советот на ЕУ во првата половина од годинава. Предлогот беше изгласан во парламентот без учество на опозицијата, која најави дека нема да поддржи промена на Уставот за да се внесе бугарското национално малцинство. За промена на Уставот е потребно двотретинско мнозинство, кое владејачката коалиција го нема без пратеници од опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Рама најави построги казни за протестите во…

Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…

Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент

За време на денешната седница албанскиот парламент…