Советот на јавни обвинители денеска избира в.д. државен јавен обвинител

t

Советот на јавни обвинители денеска треба да одржи седница на која ќе се определи вршител на должноста (в.д.) државен јавен обвинител. Ова доаѓа откако минатата недела Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка, само неколку часа пред Собранието да расправа за негово разрешување.

Првичниот обид за избор на привремен наследник беше закажан за 19 декември, но седницата беше одложена поради отсуство на членка на Советот. Обвинителот Ермон Незири тогаш предложи изборот да се изврши во полн состав поради значајноста на функцијата.

Според законот, вршителот на должноста се избира од редот на обвинителите во републичкото Јавно обвинителство. Меѓу потенцијалните кандидати се:

  • Анита Тополова Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и Златко Биковски.

Вршителот на должноста ќе ја извршува функцијата најмногу шест месеци, односно до изборот на нов државен јавен обвинител преку собраниски оглас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Живеат во страв за својот живот, маж…

Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…

ОЈО бара забрана за предавање за професорката…

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за…

Осомничените за милионскиот криминал во Лотарија не…

ОЈО проверува дали воопшто има кривично дело,…

ОЈО: Сите осомничени во предметот за ФФМ…

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран…

Украле 3.5 милиони евра и избегале од…

Два цели денови им беа потребни на…