Објавено на:

Совет за безбедност на Косово: Србија поседува илјадници дронови како оние со кои се нападна Израел

t

На барање на косовскиот премиер Албин Курти, Советот за безбедност на Косово во неделата вечерта одржа седница по повод нападот на Иран врз државата Израел и можните импликации врз глобалниот и регионалниот мир и безбедност, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според денешното соопштение на Владата на Косово, на седницата било истакнато дека Србија, „која континуирано покажува агресивно однесување“ кон Косово, поседува илјадници беспилотни летала како оние со кои Иран го изврши нападот.

– Владата на Република Косово веднаш го осуди нападот на Иран врз Израел, оценувајќи го како чин без преседан што претставува ризик за дестабилизација на Блискиот Исток и натамошна ескалација на безбедносната состојба. Нападот е извршен со беспилотни летала „Шахид“ од иранско производство. Илјадници вакви беспилотни летала поседува и Србија, која континуирано покажува агресивно однесување кон нашата Република, особено долж границата што ја делиме, се вели во соопштението.

Во него се наведува дека „безбедносните институции на Република Косово со зголемено внимание ги следат последните случувања и ја следат безбедносната состојба на секојдневна основа и во тесна координација и соработка со (мисијата на НАТО во земјата) КФОР и стратешките партнери

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…

Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…

Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…

Царинските управи на Македонија и Косово во…

Уапсен е македонски државјанин во Србија, понудил…

Припадници на Министерството за внатрешни работи на…