Објавено на:

Сомнежи во јавноста: Каде беше најважниот генерал на Путин за време на прославата на Денот на победата?

t

Голема парада по повод Денот на победата во Втората светска војна се одржа вчера во Москва. И покрај гласините за лошо здравје, на него се појавија рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, но не и началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, Валериј Герасимов.

Овогодинешната парада беше првата во која не се појави највисокиот генерал на руската армија, заедно со претседателот Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, третиот човек кој ги држи клучевите од рускиот нуклеарен арсенал.

Од Кремљ не го коментираа отсуството на Герасимов, ниту пак ги објаснија причините за неговото отсуство од прославата. Според западни извори, Герасимов отпатувал во Украина на крајот на април, каде лично требало да ја преземе оперативно-тактичката команда на руската офанзива на Донбас на командното место кај Изум.
Иако некои медиуми тврдеа дека рускиот генерал тогаш бил ранет, неименувани официјални лица ги демантираат тие тврдења.

Според нив, Герасимов навистина отпатувал за Украина, но само за да го провери напредувањето на руските воени сили . Тој наводно ја напуштил Украина пред каков било напад.

Верен соработник

Генералот Герасимов е еден од најблиските соработници на Владимир Путин и човекот задолжен за воената стратегија на Русија, заедно со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Се верува дека Русија претрпела големи загуби во источниот регион Донбас и околу градовите Харков и Изум, додека украинските вооружени сили продолжуваат да ги бранат териториите на Доњецк и Луганск кои се делумно окупирани од сепаратистите поддржани од Москва од 2014 година.

Руското Министерство за одбрана не го коментираше патувањето на генералот Герасимов, но доколку се точни информациите за неговиот престој во Украина, тоа би значело дека тој е највисокиот руски офицер кој заминал во Украина од почетокот на војната на 24 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…