Сонце во текот на денот, а попладне пороен дожд и грмежи

t

Bремето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од УХМР.

Од таму додаваат дека попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 Целзиусови степени. УВ=9

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

И в недела ќе се задржи многу топло време, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град.

Во текот на следната работна седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на ПИОМ вели дека пензионерите го…

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување годишно…

Насилно ја внел својата 17-годишна девојка во…

Полицијата во Велес приведе 21-годишен жител на…

Гранати од Првата светска војна пронајдени при…

Две артилериски гранати заостанати од Првата светска…

Жена натепала скопјанец откако се скарале за…

Скопјанец вчера нападнат од жена откако настанало…

Штипјанка измамена за речиси 5.000 евра од…

42- годишна жена од Штип вчера пријавила…