Сонце и пеколна жега, па невреме: Денеска до 41 степен

t

Сончево и многу топло време со температури до 41 степен Целзиусов се очекува денеска во Македонија. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а попладне, особено во планинските региони, ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 35 до 41 степен Целзиусов.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20 степени, а максималната ќе достигне 40 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре и во наредните денови се очекува постепено опаѓање на температурите.

Сепак, попладневните часови ќе носат локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови и за невреме проследено со силен ветер и појава на град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сонце и пеколна жега, па невреме: Денеска…

Сончево и многу топло време со температури…

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа,…

Десетина европски земји пријавиле локално пренесени случаи…

„Тајмс“: На Вучиќ му истекува времето, студентите…

Британскиот весник „Тајмс“ објави длабинска анализа за…

Русите во страв од мобилизација, истражуваат како…

Организацијата за човекови права „Ковчег“ забележа драстично…

Пеколна ноќ кај Церово: Пожарникарите цела ноќ…

Тетовските противпожарни екипи во текот ноќта водеа…