Сончево време со температури до 38 степени
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Следната недела, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер од над 70 километри на час и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…