Сообраќајка во Ѓорче: Две малолетнички и маж се повредени
Две малолетнички, од кои една потешко, и уште едно лице се повредени во сообраќајка што се случила во скопко Ѓорче.
– На 28.07.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(39) од Штип и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.М.(60) од село Теарце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „мерцедес“, а со телесни повреди се здобиле возачот З.М. и уште една негова малолетна сопатничка, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа денеска од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова: Мора да се стави крај на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните…
Мицкоски од Њујорк: Наместо промена на институциите,…
Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање на…
Историски договор за Гренланд: САД добиваат огромно…
По повеќемесечни тензии околу иднината на Гренланд,…
Макрон по средбата со Зеленски: Франција ќе…
Франција ќе ја зајакне противвоздушната одбрана на…
Јаневска: Има индикации дека бранот на иселување…
Бранот на иселување од земјава можеби е…