Сообраќајка кај Пробиштип: Повредени маж и жена откако се судриле со трактор
На 10.11.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат Р-1205, кај Пробиштип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „матиз“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(63) од Кратово и трактор „махиндра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(52). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „матиз“ М.Т.(61) од Кратово, а со телесни повреди возачот Г.Т., констатирани во Клиничката болница Штип, информираа од полицијата.
Инаку утрово на патниот правец Кратово – Пробиштип имаше наноси на снег, по што истиот беше затворен за сообраќај за тешки моторни возила, а четири часа подоцна отворен за сите видови возила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…
При редовна проверка на пакет во затворот…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…