Сообраќајка на патот Охрид – Свети Наум: Има повредени

t

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа ноќеска на регионалниот пат Охрид-Свети Наум.

Според информациите од СВР Охрид, несреќата се случила помеѓу патничко возило „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(40) од с.Велгошти, охридско и патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.И.(22) од с.Долно Коњско, охридско.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „сузуки“-Ј.К. и неговиот соаптник А.Ј.(28) од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и Општа болница – Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајка кај Колари, повредени осум лица

Осум лица од кои две потешко се…