Сообраќајка помеѓу автобус, товарно возило и мотоцикл, едно лице тешко повредено

t

Се судрија автобус, товарно возило и мотоцикл во Штип. Во сообраќајната несреќа возачот на мотоциклот e тешко повреден.

– Вчера, во СВР Штип, било пријавено дека околу 11 часот, на кружниот тек од улицата Партизанска и улицата Борис Крајгер во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од С. З. (34) од Штип, автобус „мерцедес“, управуван од Ф. Р. (33) од Штип и мотоцикл „сузуки бургман“, управуван од А. Р. (37) од Штип, сите со штипски регистарски ознаки, информираат од МВР.

Во несреќата мотоциклистот добил тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото бил извршен од екипа на СВР Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: За само пет дена 25 пријави…

Во периодот од 1 до 5 ноември,…

НАРОДНАТА БАНКА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ НА…

Народната банка на Македонија денеска, 5 ноември,…

Пример за многу други: Хориха во првиот…

Македонската ракометна репрезентација вчера забележа победа против…

Американските сили во подготвеност за можни удари…

Американските сили во подготвеност за можни удари…

„Индипендент“: Рубио би можел да ја напушти…

Американскиот државен секретар Марко Рубио би можел…