Сообраќајна најава: Утре ограничување на мостот „Близнак“

t

Возачите во Аеродром и Гази Баба утре, 8 октомври, треба да очекуваат отежнат сообраќај поради работи на мостот „Близнак“ на булевар „Киро Глигоров“.

ЈП „Улици и патишта“ – Скопје информира дека од 13 до 15 часот ќе се санира оштетената заштитна ограда на мостот, на потегот од крстосницата со улица „Индустриска“ до крстосницата со булевар „АСНОМ“.

Поради работите, привремено ќе бидат зафатени две коловозни ленти, а местото ќе биде обележано со соодветна сообраќајна сигнализација.

Се очекува интервенцијата дополнително да го забави сообраќајот во овој дел од градот, особено на булеварите „АСНОМ“, „Србија“ и „Киро Глигоров“.

Од јавното претпријатие апелираат возачите да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат внимателни и трпеливи до завршувањето на работите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните…

На прашањето дали отсуството на Северна Македонија…

Ива Михаилова не избегала, тврди Рауфи, судењето…

Ива Михаилова заминала во Бугарија за да…

Трамп изрази сомнеж во изборните резултати откако…

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж во…

Кина го продолжи трговското примирје со САД:…

Кина го продолжи за уште два месеца…

Трамп: Не е точно дека ги ставам…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…