Сообраќајна несреќа на патот Валандово – Дојран, загина мигрантка од Кина

t

Мигрантка од Кина загина, а седуммина се повредени откако утрово околу 04:20 часот на патот Валандов – Дојран камион со српски регистарски ознаки излетал од коловозорт и се превртел.

Со повреди се здобиле уште седум мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката.

Како што соопштија од СВР Струмица, во несреќата од здобиени повреди починала мигрантка од Кина, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а телото на почината било предадено на обукција.

– Со повреди се здобиле уште седум мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката. Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, изврши екипа од ОВР Гевгелија – се наведува во полициското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром, тројца луѓе…

Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба…

Сообраќајка на крстосница во Скопје – настрада…

МВР информира дека синоќа околу 20:40 часот…

Пијан беровец, со 2,6 промили алкохол во…

Од МВР информираат дека е уапсен беровец…

Петмина повредени откако со автомобил излетале од…

На 16.08.2026 во 21:10 часот во Полициската…