Сообраќајот на државните патишта по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, информира АМСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија дава по 50 евра помош за…
Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…
Маскиран упаднал во обложувалница: Со закана зел…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…
Тројца уапсени за предизвикување пожар на депонија…
На 17.09.2026 во 19.30 часот на депонијата…
Иран почна масовна мобилизација: Над 600.000 се…
Иран влегува во нова фаза на воена…
Тежок инцидент во Скопје: Малолетник нападнат од…
Малолетник се здобил со тешки телесни повреди…