Сопственикот на Никоб обезбедување направил инцидент во комплекс во Волково

t

Сопственикот на Никоб обезбедување доцна синоќа направил инцидент во комплексот Вергина кој се наоѓа во Волково.

Според информации до кои дојде Курир, Кирил Лазаров обидувајќи се да влезе во комплексот го нападнал обезбедувањето.

Пријава за настанот има и до Министерството за внатрешни работи. Оттаму за Курир велат дека случајот кај нив е пријавен во 1:45 часот синоќа.

-Ј.Н.(63) од Скопје, лице кое извршувало обезбедување на комплекс во с.Волково, пријавил дека додека бил на работното место К.Л. физички го нападнал, оштетил две камери и одзел неколку предмети од просторијата за мониторинг, велат од МВР за Курир.

Полициски екипи извршиле увид и по целосно расчистување на случајот од МВР велат дека ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претрес во Волково, запленета дрога, приведен дилер

Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за…

Масовна тепачка во Волково

Тепачка меѓу повеќе лица се случила доцна…

47-годишник од Волково пренесувал мигранти

Полициски службеници од Полициското одделение за граничен…

Жена нападната од маж во Волково

На 17.10.2022 во 01:54 часот во Полициската…

Никоб групацијата со најголема доверба за безбедноста…

Никоб обезбедување и Никоб медикал уживаат најголема…