Објавено на:

47-годишник од Волково пренесувал мигранти

t

Полициски службеници од Полициското одделение за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода 47-годишниот Б.Г. од скопското село Волково. При контрола на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал тој, биле пронајдени шест лица мигранти. Три лица од Пакистан, две од Сирија и едно од Египет, се наведува во денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи.

– Претходно, во 20.30 часот, возилото било забележано на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, но не застанало на даден знак за запирање. Откако стигнало во Криволак, возачот и мигрантите се обиделе да побегнат, но биле фатени, се појаснува во соопштението.

Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар. За случајот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Спречен нелегален влез на шест мигранти…

Мобилен тим при Секторот за контрола и…

Орбан за мигрантите: Не сакаме тероризам и…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан продолжи со своите…

Скопјанец превезувал мигранти од Сирија

Полицијата денеска попладне околу 17 часот на…

Вучиќ: Ако треба ќе ангажираме и војска…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност…