Сопствениците на Реното Кангу: Возилото го дониравме за потребите на партијата Десна
Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Пред малку пред судот сведочеше Лита Кириќ сопственичка на Реното Кангу за кое има сомнеж дека е користено во убиството на Вања Ѓорчевска.
ЛИТА КИРИЌ – сопственичка на возилото
О – вие сте сопственик на возило Рено, коешто е употребено во настанот, како вашето возило беше дадено на други лица да го користат?
Л – тоа возило сопругот го користеше во фирмата за рбаота и кога ја затворивме фирмата тоа возило го префрливме на мое име, другото на негово име и кога се преселивме дадовме полномошно за користење на пријател на сопругот. Сопругот рече не е регистрирано, да се регистрира и да се даде на користење на партијата Десна, како го регистриравме го земаа возилото.
о – имате поврзаност со Десна?
Л – сопругот беше член на партијата, јас дадов потпис кога требаше да се основа партијата, меѓутоа не сум член на партијата
о – како го предадовте возилото?
Л – бевме да ја регистрираме колата, јас таа кола не ја возев никогаш, бевме со Влатко Кешишев и Кико, ја земаа и и ме оставија дома. Јас бев само во документи сопственик на воизлото јас не го користев, сопругот ми кажа ќе го дадеме да го користи партијата, остана на мое име, не потпишавме ништо, не дадов полномошно.
о – кога бевте вие известени дека возилото е вклучено во настанот?
Л- не се сеќавам кој ден беше, ми се јавија од полициска станица, ме земаа во станица да дадам изјава
о – кажавте дека возилото сте го дале заради сопругот Ѓорѓи Џолев заради преселба на партијата, после побаравте да го вратат возилото?
Л – не, остана возилото, не го баравме затоа што како што реков сопругот треба да го прашате, јас фиктивно фигурирам како сопственик, сопругот ми рече да остане возилото и таму беше, неоклку пати кога сме поминувале си седеше во дворот.
о – вие бевте некогаш во седиштето на партијата?
Л – неколку пати со сопругот со кола, ако застанал тој нешто да праша или слично, еднаш само влегов внатре сопругот ми рече да земеме мерки за некое студио бидејќи јас сум архитект.
о – имате донирано средства во партијата?
Л – не
о – се познавате со обвинетите?
Л – Палевски и Кешишев ги знам од видување, другите не ги познавам
Вкрстено Палевски
П – ако може да се сетите на околноста кога ви се јавиле од полициска станица, во колку часот?
Л – мислам дека беше околу 7-7.30 ѝ се јавија на мајка ми, јас на друга адреса бев, а по лична карта се водам на Партизански одреди, дојдоа од станица да ме земат на распит, значи некаде околу 7.30 – 8 вечерта ме земаа.
П – во тој распит го спомнаа моето име инспекторите?
Л – не, ме прашаа за колата и јас им кажав дека е во партијата Десна дадено возилото и тогаш го повикав сопругот Џолев, дојде и тој во станицата.
Прашања од судот
С -платено или како донација беше возилото?
Л -не беше платено, како донација за селење и да го употребува партијата, донирано беше
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…