Соработник на Путин тврди дека радиоактивен облак се шири низ Европа, Полска демантира
Соединетите Држави користат хемиско и биолошко оружје, вклучително и во Украина, а радиоактивен облак се движи кон Полска, изјави шефот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.
Петрушев ги обвини САД за координација со Киев за убиството на истакнати радикални националисти во Русија, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
„САД развиваат и веќе користат хемиско и биолошко оружје, вклучително и на територијата на Украина“, изјави блискиот соработник на Путин, пренесе ТАСС. „Радиоактивниот облак од муницијата со осиромашен ураниум што се користи во Украина се движи кон Западна Европа“, додаде тој. „Станува збор за муницијата што Западот ѝ ја достави на Украина“, рече Патрушев на конференцијата во Сиктивкар.
Американците нагласуваат дека ги поддржуваат „заедничките демократски вредности“, а лидерите на западните земји под нивен притисок разговараат за помош на Украина, рече Патрушев. „Американците, исто така, „помагаа“ на други земји на тој начин во историјата, со снабдување со муниција со осиромашен ураниум“, се потсмева тој. „Уништувањето на магацин за оружје предизвика радиоактивен облак кој се движи кон Западна Европа. Во Полска веќе е забележано зголемување на радиоактивноста“, рече Патрушев.
Полската државна агенција за нуклеарна енергија ја демантираше веста за зголемено ниво на радијација во Лублинското војводство, кое се наоѓа долж границата со Украина, а чие административно седиште Лублин се наоѓа на околу четиристотини километри од Хмелницки во Украина. Полската агенција тврди дека нема зголемена радијација или опасност за населението.
На почетокот на оваа недела, украинските медиуми објавија дека руски беспилотни летала го погодиле градот Хмелницки и уништиле голем магацин за оружје.
Русија, исто така, ја обвини Украина за нападот на мостот на Крим во октомври минатата година, додека Западот ја обвини експлозијата на гасоводот Северен тек во септември. Патрушев рече дека сите напади биле „планирани и извршени во координација со американските специјални служби“, пренесува ТАСС.
САД и Велика Британија ги отфрлаат руските наводи за вмешаност во саботажата на гасоводот Северен тек. Украина никогаш не ја презеде одговорноста за нападот на мостот на Крим, еден од главните инфраструктурни проекти на Путин.
Патрушев, поранешен советски шпион, кого Путин го познава од 1970-тите, ги обвини „англосаксонците“ за саботажа на „Северен поток“, кого тој го нарече терористички напад. Дипломатите сметаат дека Патрушев има големо влијание врз Путин, додека неговите ставови и изјави даваат увид во начинот на размислување во Кремљ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…